Брза кучка: ја трчаше Мирко Попов
Sign up for free
Listen to this episode and many more. Enjoy the best podcasts on Spreaker!
Download and listen anywhere
Download your favorite episodes and enjoy them, wherever you are! Sign up or log in now to access offline listening.
Брза кучка: ја трчаше Мирко Попов
Description
,, Добредојде во "Брза Кучка" поткаст кој е овде за да ве прошета надвор од паркот на доцилните домашни кучиња. Во овој поткаст, не само што ќе ви донесеме фасцинатни...
show moreВо овој поткаст, не само што ќе ви донесеме фасцинатни гости, туку и нивните арт-доти, ќе ви го приближиме активизмот и ќе се обидеме да ги забележиме сеќавањата на хроничарите на своето време во архивите на нашите вијуги, и да го диктираме наративот на современата македонска култура. Амбициозно? Секако. Топло ви препорачуваме порција и на вам!
Киднавме од ланец, и каква среќа - го сретнавме Мирко Попов! Вториот дефинирачки гостин, слично на институцијата „втор албум“ е Мирко, кој е еден од оние ликови кои или го мразиш или го сакаш, и трето нема и во „Брза кучка“ верен на себе, и на формата дава одличен материјал и за обете групи луѓе.
Мирко Попов не се извинува за своите ставови, ниту за она кој е.
За оние што го сакаат: ќе чујат какво дете бил малиот Мирко, зошто сака, едноставно ОБОЖАВА да пишува, но зазира од идентитетот „македонски поет/писател“, ќе не́ потсети зошто и покрај лошата навика да кукаме, имаме зошто да бидеме среќни па и горди, за неговата хиперпродуктивност, за соработката со младата сцена со платоформата „Силата еу младите“ и што има научено од младата генерација креативци, за Јанг Дади, за поп културата, зошто мисли дека е мета на тролови, и - ПМГ народна (изданија на народна музика )- е реалност!
За оние кои сакаат да го мразат - ќе бараат напорно причини за тоа и ќе најдат еден тон, затоа што не се штедеше кога распали, но и ги разговаравме неговите најконтроверзни моменти како повикот да се запалат сите цркви и „дијагноза-гејт“. Сето ова го зборувавме во утрото кога осамна веста дека неонскиот натпис „Ние сме од Скопје“ (инспириран од песна на ПМГ) одмазднички е симнат од МКЦ.
Па не гледаме посовршен момент да го чуеме Мирко - па да го слушнеме !
00:22 - Мирко пишува, зборови еден тон.
07:04 - Кочо Рацин е комплетна несреќа.
14:00 Хиперпродуктивен од клинец - мора да се работи за ПМГ да го прошири полето на делување.
20:06 - Визијата е побитна од егото.
20:18 - Работа со младите креативци.
23:10 - ПМГ работи со поп артисти - критиките се резултат на ограниченост.
26:05 - Јанг Дади - еден од највоспитаните, образовани, младиќи, му помага на Мирко во работата.
29:00 - Зошто Мирко е мета на тролови уште како дете? Ја бара причината и во себе.
34:02 - За скандалот „Сите цркви да се запалат“ : „Јас доаѓам од попска фамилија...“
37:50 - На Македонците црквата им е неопходна.
43:22 - За скандалот „Дијагноза“: Скопје може да биде Лондон, Берлин.
46:25: „И онда бев поканет да зборувам на едно политичко rally"
56:00 - Распеани Валандовчани
на КСП Центар - Јадро, а автор и водител е Ана Чушкова.
Инстаграм Дива
Фејсбук Брза Кучка.
КСП Центар Јадро Дива Мисла
:
Become a supporter of this podcast: https://www.spreaker.com/podcast/brza-kucka--5718095/support.
Information
Author | Diva Liga |
Organization | Ana Chushkova |
Website | www.diva.mk |
Tags |
Copyright 2024 - Spreaker Inc. an iHeartMedia Company